Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров денеска за медиумите изјави дека не верува оти воениот конфликт во Украина може да доведе до нуклеарна војна.

„Не сакам да верувам и не верувам дека може да започне нуклеарна војна“, рече Лавров за новинарите на прашањето дали може да се очекува нуклеарна војна.

Лавров ова го изјави по денешните разговори со украинскиот колега Дмитро Кулеба во Турција, кои не донесоа договор за прекин на огнот.

Прикажи повеќе