Новиот тренер на К.К.Работнички, Игор Михајловски денеска почна со работа на својата функција и го одржа првиот тренинг во најтрофејниот тим во Македонија.

Досегашните членови на стручниот штаб на Тони Симиќ, во кој беа Диме Тасовски, Нермин Пепиќ и Душко Јанкуловски си заминуваат, а Михајловски ќе има нови соработници.

Во првиот тим се враќа Андреј Апостолски Лечиќ кој беше и во стручниот штаб на Димитар Мираковски, претходните две сезони.

Во Работнички се враќа и легендарниот капитен Горан Веселиновски и тоа во највисокото раководство, но на фунција која дополнително ќе биде одредена.