Во страв од отказ, Роналд Куман искажа незадоволство од работата на медицинскиот персонал на Барселона, по што организирал состанок со докторите и физиотерапевтите, пренесуават шпанските медиуми.

Холанѓанецот на состанокот барал одговор на голем број прашања, поврзани со обновувањето на повредите на одреден број на фудбалери, но и за брзината на нивното опоравување, барајќи од докторите во иднина да даваат прецизна проценка на времето кога тие ќе се вратат на теренот.

Како пример, Куман го дал Педри кој по најновите извештаи нема наскоро да се врати на терените. Од почетокот на сезоната тренерот на Барселона ниту еднаш не можеше да смета на своите најважни фудбалери.