Украинскиот министер за надворешни работи Дмитри Кулеба ја обвини Русија дека се обидува да го уценува светот. Тој истакна дека Русија е подготвена да ги деблокира пристаништата на Црното Море, доколку ѝ бидат укинати санкциите.

Кулеба на Твитер изјави дека секој што размислува да ја прифати „оваа игра“ прво треба да ги посети „гробовите на убиените украински деца и да разговара со нивните родители“, пренесува британски „Гардијан“.

Претходно денеска рускиот заменик министер за надворешни работи Андреј Руденко изјави дека Русија е подготвена да обезбеди хуманитарен коридор за бродовите кои превезуваат храна од Украина, во замена за укинување на санкциите, пренесе „Интерфакс“.

Украинските пристаништа на Црното Море се блокирани откако Русија започна воена операција во Украина на 24 февруари, а повеќе од 20 милиони тони жито се заглавени во силоси во Украина./Mакфакс/

Прикажи повеќе