Денес во 20:45 часот Вардар 1961 ќе се сретне со француски Мопелје во рамките од четвртото коло во Лигата на шампионите. Тренерот Вујовиќ за првпат од стартот на новата сезона ќе го има целиот состав на располагање.

Во тимот се враќа Анте Кудуз. Кудуз беше надвор од терените, а од денес ќе се стави на располагање и се очекува да биде вистинско освежување. После три кола во Лигата на шампионите Вардар нема пораз и заедно со ПИК Сегед се на првата и втората позиција во групата со по пет бода.