Данскиот фудбалер Кристијан Ериксен не планира да ја заврши фудбалската кариера, откако минатото лето загуби свест на Европското првенство (ЕП), по што му беше вграден дефибрилатор.

По пола година пауза поради срцевиот удар, Ериксен е подготвен да бара нов тим, затоа што вчера го прекина договорот со италијанскиот шампион Интер.

Данецот се поврзуваше со многу екипи, а една од неговите потенцијални дестинации е Ајакс, кој сепак демантираше дека планира да го ангажира Ериксен.

Неговиот менаџер набрзо најави дека би можеле да го гледаме на фудбалските терени, а кажа дека се во контакт со два тима чие име не го објави.

Информацијата ја објави и добро информираниот новинар Фабрицио Романо, кој ретко греши за трансфери, па тоа предизвика шпекулации и кај нашиот северен сосед дека Ериксен се сели во Црвена Звезда, иако тоа во моментов делува нереално.