Хрватскиот стратег Славко Голужа по четири и пол години го напушта Татран Прешов. Тој вчера за последен пат го водеше клубот на мечот против АГРО Тополчани по што се збогува со играчите.

Првиот човек на словачкиот клуб, Милослав Чмелиар е незадоволен од тоа како Хрватот го води клубот, велејќи дека никој веќе не сака да гледа бавен и здодевен ракомет.

„Решив да му дадам можност на еден млад тренер. Кога водечкиот бундеслигашки клуб Фуксе Берлин е предводен од 27-годишниот Јарон Сиверт, зошто 43-годишниот Антл да не биде тренер на Татран. Бавниот и неатрактивен ракомет што го прикажувавме во последните сезони не можеше никого да задоволи. Сакам повторно да се забавувам на нашите натпревари и да не се грижам“, рече Чмелијар.

Славко Голужа се поврзува преземање на македонскиот шампион Вардар како еден од можните кандидати за наследници на Веселин Вујовиќ. Покрај Голужа еден од најголемите фаворити за седнување на клупата на „црвено-црните“ е Давид Дејвис.