Македонскиот фудбалски репрезентативец Тихомир Костадинов по мечот рече дека не треба да се крева голема еуфорија, со оглед на тоа што работата не е завршена.

„Ерменија е добра домашна екипа, па затоа ни беше тешко. Мора да бидеме задоволни од резултатот, особено од ефикасноста. Одигравме добар натпревар и заслужено победивме.Дуелот со Исланд е клучен за нас. Овој тим веруваше до крај дека ќе одлучуваме сами за нашиот конечен пласман. Имавме среќа што Исланд ремизира кај Романија. Не треба да се прави голема еуфорија, треба да влеземе во овој меч како и на сите останати. Треба да ги исполниме сите задачи на селекторот. Се надеваме на полн стадион и одлична атмосфера. Ќе го дадеме својот максимум за да го направиме тој последен чекор“, рече играчот за врска на нашата репрезентација.