Министерката за надворешни работи на Република Косово, Доника Грвала, реагираше до рускиот претседател Владимир Путин, кој изјави дека платеници од Косово се борат во Украина. Таа Путин го нарече лажго и воен злосторник.

„Нема платеници на Република Косово. Воениот злосторник Путин се обидува да го одвлече вниманието од војната и неговиот геноцид врз Украина со водење пропагандна војна. Тој повторно лаже. Ја знаеме таа игра од Милошевиќ до Вучиќ. Косово стои гордо со Америка, Европската Унија и Украина против воените злосторници“, рече Доника Грвала на твитер

Премиерот на Албанија, Еди Рама, денеска имаше телефонски разговор со претседателот на Украина. Зеленски преку Твитер изрази благодарност.

„Ја цениме практичната помош и поддршка на Албанија во ова тешко време. Правиме сè за војната да заврши“, пишува Володимир Зеленски на твитер

Од друга страна, Рама напиша дека добил благодарност од Зеленски за помошта укажана за украинската армија, како и интензивниот ангажман преку дипломатски канали со важни партнери за поддршка на Киев. /Алсат.мк

Прикажи повеќе