Состојбата со ковид пандемијата во земјава се подобрува драстично. Ако остане стабилна не се исклучува можноста да се изземат некои од постојните рестриктивни мерки, но за ова дополнително ќе се дискутира на состанокот на Комисијата кој најверојатно ќе се одржи во среда, објави „Слободен печат“.

Ќе следува и затворање на неколку ковид центри на интерните клиники во комплексот клиники „Мајка Тереза“, а меѓу првите најверојатно ќе биде оној на Клиниката за кардиологија.

Во последната статистика на Институтот за јавно здравје, од направени 2.560 тестови, регистрирани се 378 нови случаи на ковид 19 од кои најголемиот број во Скопје, каде има 178. Од вкупниот број позитивни, регистрирани се 58 реинфекции. Оздравеле 432 пациенти, а за 24 часа починале седуммина на возраст од 63 до 90 години. Кај сите седум починати регистрирани се коморбидитети. Бројот на активни случаи во државата изнесува 4172.

Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.