Норвешкиот тим Колштад се очекува да биде новиот европски гигант. Малиот колектив од Скандинавија ќе прави супер-тим, во кој од 2023 година ќе настапува еден од најдобрите на светот, Сандер Сагосен.

Покрај него во оваа екипа воќе настапуваат Магнус Род и Магнус Гулеруд. Сите три имиња доаѓаат од Бундеслигата, а се и носители на играта на норвешката репрезентација.

Трите будеслигаши најавија дека играчите кои се пред заминување нема да ги продолжат договорите. Така, Сандер Сагосен одбил договор од Кил, а Магнус Род од Фленсбург, па во 2023 година ќе станат слободни агенти.