Оваа торта е идеална за сите прослави. Одлично е што не се пече, туку состојките се мешаат и се ставаат во фрижидер

Состојки:

30 гр желатин

150 мл млеко

600 гр сирење

300 гр јогурт

150 гр шеќер

10 гр ванилин шеќер

3-4 праски од компот или конзерва

Подготовка:

Измешајте ги млекото и желатинот и оставете да отстои 10 минути. Потоа се топи, но внимавајте да не зоврие. Штом ќе почне да се топи, промешајте и тргнете од шпоретот.

Измешајте ги сирењето, јогуртот, шеќерот, ванилиниот шеќер и добро соединете.

Можете исто така да користите и миксер.

Потоа додадете желатин и промешајте. Исечете ги праските и истурете ги во смесата со сирењето.

Истурете во калап, подобро ако е гумен и има некаква форма, полесно ќе се извади.

Ставете во фрижидер и оставете да отстои 4 часа. Кога колачот ќе се стегне, можете да го сервирате.