Емоционалната зрелост е суштинска особина која е важна за среќен и успешен живот. Кога сте емотивно зрели, имате поголеми шанси да изградите значајни, трајни врски, а тоа да ви донесе и чувство на поголема среќа во животот. Иако многумина веруваат дека емоционалната зрелост е тесно поврзана со биолошката возраст, сепак најмногу зависи од различните искуства што ги имате во животот. Во продолжение прочитајте кои знаци покажуваат дека сте емоционално зрела личност.

1. Го разбирате лошото однесување на другите

Наместо да наоѓате грешки и постојано да ги обвинувате другите за нивното однесување, разбирате дека луѓето најчесто се водени од сопствените стравови и грижи. Свесни сте за фактот дека светот не е целосно црно-бел. Затоа, наместо да ги критикувате, вие се обидувате да ја разберете пораката која тие сакаат да ја пренесат.

2. Свесни сте дека не сте секогаш во право

Сфаќате дека одвреме-навреме можете да погрешите и дека ги немате точните одговори цело време. Кога сте емотивно зрели, полесно е да се извините и да ја поправите сопствената грешка.

3. Сфаќате дека сте единствени, а не посебни

Сфаќате дека секој од нас е посебен на свој начин. Свесни сте за она што сте и ги цените своите предности и недостатоци. Разбирате дека сите сме изгубени и исплашени и дека се обидуваме да го направиме најдоброто што можеме.

4. Не се преправате дека сте жртва

Знаете дека во животот се неизбежни и лоши работи, но свесни сте за фактот дека можете да ги надминете. Не си го поставувате прашањето зошто ништо не ви оди како што треба. Наместо тоа, ја анализирате ситуацијата, се обидувате да ги разберете вашите чувства и продолжувате напред фокусирајќи се на надминување на пречките.

5. Ја цените несовршеноста

Совршенството за вас претставува само една илузија. Разбирате дека сите сме несовршени и ги прифаќате сопствените маани исто како што ги прифаќате маните и на другите. Им простувате на луѓето кога ќе згрешат, наместо да ги осудувате. Знаете дека животот е несовршен и дека понекогаш може да биде и фрустрирачки. За вас доволно е да се цени животот онаков каков што е.

6. Си го кажувате сопственото мислење

Сфаќате дека луѓето не можат да ги читаат вашите мисли. Знаете колку е важно да се изразите со вистинските зборови за да бидете разбрани од другите.

7. Размислувате позитивно

Знаете колку се важни позитивните мисли, особено доколку сакате да ги реализирате вашите планови и идеи. Издвојувате време да ја процените ситуацијата и да го одредите најдобриот начин за дејствување.

8. Не сте од оние кои лесно се заљубуваат

Се обидувате да ја запознаете убаво личноста пред да дозволите вашите чувства да надвладеат. Ги претпочитате стабилноста, компатибилноста и поврзаноста кои се одлики на една здрава врска.

9. Го живеете моментот и притоа сте свесни за сегашноста

Не го трошите вашето драгоцено време размислувајќи за минатото или грижејќи се за иднината. Наместо тоа, учите да живеете во сегашниот миг и го цените она што го имате.

10. Сами ја создавате вашата среќа

Знаете дека среќата не е нешто што го наоѓаме, туку нешто што самите го создаваме. Тоа е став и начин на размислување. Вие избирате дали ќе бидете среќни или не затоа што вашата среќа не зависи од другите туку од вас самите.