Кошаркарскиот тим на Кожув знаци на живот за излез од кризата на стартот од сезоната откако тимот од Гевгелија вечерва славеше над вицешампионот Еуро Никел со 86-79.

Одличното второ полувреме му донесе голем триумф на домашниот состав, додека за гостите од Кавадарци ова беше петти пораз во низа и јасен знак за проблемите со кои се соочува актуелниот вицешампион на стартот од новата сезона.

Кире Николовски одигра уште еден импресивен меч за тимот од Гевгелија стигнувајќи до дабл-дабл од 28 поени и 14 скокови, 28 поени исто така постигна и Американецот Вилијамс, додека кај Еуро Никел најефикасни беа Соколов и Томиќ со по 22 поени.