За што поскоро да ја излекувате настинката и да се ослободите од кашлицата и болката во грлото, внимателно планирајте ги вашите оброци.

Овие пет намирници избегнувајте ги целосно:

Газирани пијалоци

Консумирањето на газирани пијалоци не е здраво од неколку причини, но доколку сте се настинале, тие најмалку ќе ви помогнат бидејќи се преполни со шеќери, кои ќе ви го влошат воспалението и ќе ви го ослабат имунитетот.

Алкохол

Можеби мислите дека една чашка ракија ќе го дезинфицира и опорави вашето грло, но ќе се случи токму спротивното – настинката ќе се влоши, бидејќи алкохолот има влијание исто како и шеќерот.

Освен тоа, алкохолот ќе ве дехидрира, а на вас, особено кога сте настинати, потребни ви се повеќе течности.

Слатки

Како и газираните пијалоци, така и слатките се преполни со шеќер, кој лошо влијае на имунитетот, па избегнувајте да јадете бомбони, колачи, кекси и сл. намирници.

Јаглени хидрати

Можеби мислите дека крекерите, печениот тост и чајните колачи се идеални кога сте болни, но тие само го отежнуваат процесот на закрепнување и го зголемуваат нивото на шеќер во крвта.

Млечни производи

Кај многумина, млечните производи предизвикуваат потешко голтање на храната, па ако се наоѓате во таа категорија, избегнувајте ги овие намирници.

Од друга страна, доколку немате проблем со консумирањето на млечни производи кога сте настинати, слободно консумирајте ги бидејќи се одличен извор на протеини и витамини, кои на вашето тело во тој момент му се потребни.