Јапонскиот ски-скокач Рјоју Кобајаши победи на натпреварот во Вилинген. Победникот во Вилинген беше решен по само една серија затоа што втората не се одржа поради лошите временски услови.

Победникот на Новогодишната турнеја, до победата стигна со скок од 145 метри, кој му донесе 115,6 поени.

На второто место, со скок од 143 метри (111,6 поени), го освоиХалвор Граневуд од Норвешка, трет беше неговиот сонародник, Маријус Линдвик, со скокот од 137 метри (107 поени)