Неколку кандидати за кабинетот на Доналд Трамп и луѓе во неговата администрација добиле закани за бомби, објави ФБИ.

„Сите потенцијални закани ги сфаќаме сериозно и ја охрабруваме јавноста да пријави се што смета дека е сомнително во полиција“, велат тие.

Заканите беа упатени во вторникот вечерта и во средата наутро, а полицијата реагираше брзо за да ја осигура безбедноста на целните, рече портпаролката на транзицискиот тим на Трамп, Каролина Ливит.

Си-Би-Ес објави дека заканата ја добил и кандидатот на Трамп, за министер за трговија, Хауард Лутник.

Републиканецот од Флорида, Мет Гаец, кој неодамна се откажа од трката за државен обвинител во САД, исто така беше цел на измама за бомба.

„Фокс њуз“ објави дека Џон Ретклиф, кандидатот на Трамп за директор на ЦИА и кандидатот за секретар за одбрана Пит Хегсет, исто така, добиле закани.

Тројца официјални лица изјавија за „NBC News“ дека заканите биле лажни.