Тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп, по поразот од Лестер (0:1) во 20. коло од Премиер лигата, призна дека противникот го заслужил овој резултат.

Германецот се надева сека неговите избраници ќе извлечат поука од овој меч.

– Тоа беше дефинитивно заслужена победа за Лестер. Многу чуден натпревар. Не бевме доволно добри, иако имавме доволно шанси. Можеби недостасуваше малку среќа. Поразот е пораз. Мора да учиме од ваквите натпревари и ќе го направиме тоа. Првото нешто што треба да направите е никогаш повеќе да не го повторите овој натпревар. Го загубивме ритамот и не бевме доволно мирни да го вратиме. Ова е наша вина, истакна Клоп за Би-би-си.

По 19 кола Ливерпул е втор на табелата во Премиер лигата со 41 освоен бод, шест помалку од лидерот Манчестер сити.

Лестер со 25 бода од 18 натпревари се наоѓа на 9. место.