Кире Лазаров и Нант долго имаа предност на дербито со ПСЖ, но гостите победија на денешната средба (29:30).

ПСЖ во првиот дел водеше со 8:10, но следуваше одлична серија на Нант, по која домаќините имаа 13:10, за гостите на полувреме сепак да заминат со еден гол негатива (13:12).

Во вториот дел Нант најчесто беше во водство, имаше предност 22:19 и 24:21, но во завршницата парискиот состав се погрижи за неизвесна завршница.

Избраниците на Раул Гонзалес на крајот излегоа како победници, па сега имаат пет бода повеќе од Нант и натпревар помалку.

Лазаров го заврши натпреварот со 2 гола, а најефикасни во Нант беше Мине со 6 и Пешмалбек со 5 гола.

Кунку со 7 погодоци ги предводел стрелците кај победникот ПСЖ.