Германскиот фудбалер Џошуа Кимих буквално е во невоља. Играчот на Баерн е во изолација затоа што бил во контакт со лице заразено од Ковид 19, а згора на тоа тој не е вакциниран.

Челниците на Баерн со сета сила се обидуваа да го натераат Кимих да се вакцинира но тој според сопствените убедувања тоа не го стори.

Затоа, не беше во комбинација за неколку мечеви, па клубот реши да го санкционира на единствениот начин на кој што може.

Со парична казна. Кимих ќе биде „олеснет“ со 800.000 евра од годишната плата.