Најголемата ѕвезда на Пари Сен Жермен, Килијан Мбапе, би можел да пристигне во Манчестер Јунајтед претстојното лето, доколку катарските шеици го купат клубот од „Олд Трафорд“.

Во сериозна трка е и најбогатиот британец, Џим Ретклиф, но медиумите на Островот сепак најавуваат дека катарскиот конзорциум зад кој стои шеикот Тамим бин Хамад Ал Тани, е поблизок до купување на комплетниот пакет акции што ги поседува семејството Глејзер.

Доколку го купат Манчестер Јунајтед, катарците планираат да го назначат Антеро Енрике за извршен директор, а тој треба да го убеди Килијан Мбапе да се пресели во Манчестер Јунајтед, а не во Реал Мадрид, што е негова дамнешна желба.

Мбапе во тимот на ПСЖ во моментот заработува 6 милиони евра месечно, тие услови би му биле гарантирани и на „Олд Трафорд“.

Прикажи повеќе