Француската ракометна репрезентација иако беше еден од главните фаворити за осовјување на златниот медал на неодамна завршеното Европско првенство во Унгарија и Словачка, не успеа да го направи тоа и мораше да се задоволи само со четвртото место. „Триколорите“ во мечот за бронзениот медал беа поразени од Данска, а по овој натпревар Никола Карабатиќ, кој е најголема ѕвезда во редовите на националниот тим на Франција, за „Балкан Хендбал“ откри уште колку планира да игра со оглед на тоа што веќе има 38 – години.

-Не знам, навистина не знам. Ќе играм додека се чувствувам добро, додека можам да му помогнам на тимот. Додека јас повеќе влијаем на натпреварите позитивно отколку негативно. Морам да кажам дека сум пријатно изненаден како го издржав овој турнир и тоа во пеколен ритам со натпревари на секои два дена. И за мене е пеколен ритам, особено што морав да трошам повеќе поради ситуацијата со заразени и повредени играчи. Па, ова го издржав, се надевам дека ќе го издржам и вториот дел од сезоната со Париз. Ќе видам како ќе биде на крајот од сезоната. Засега навистина не знам до кога ќе играм, но сакам тоа да трае што подолго, изјави трофејниот ракометар.