Канаѓанката Маргарет Мекнил постави нов рекорд на патеката 50 метри грбно на Светското првенство во 25-метарски базени што се одржува во Абу Даби.

Таа постави најдобар резултат на сите времиња, испливувајќи ја патеката во време од 25:27.

Доминацијата на канадските пливачки во трката на 50 метри грбно ја надополни Кили Мас, која го освои второто место (25:62), додека бронзениот медал и припадна на Швеѓанката Луси Хансон (25:86).