На безжичните оператори во Канада нема да им биде дозволено да инсталираат опрема на „Хуавеи“ во нивните брзи 5Г мрежи, соопшти канадската влада, придружувајќи им се на сојузниците во забраната на оваа гигантска кинеска технолошка компанија.

„Ја објавуваме нашата намера да го забраниме вклучувањето на производите и услугите на „Хуавеи“ и „ЗТЕ“ во телекомуникациските системи на Канада“, изјави министерот за индустрија Франсоа-Филип Шампањ.

Канадската забрана ја вклучува и „ЗТЕ Корп“, една од најголемите државни технолошки компании во Кина.

Шампањ додаде дека „добавувачите кои веќе ја имаат инсталирано оваа опрема ќе мора да престанат да ја користат и да ја отстранат“. Тој рече дека на канадските безжични компании нема да им биде понудена компензација.

Прикажи повеќе