Канада и Шпанија ќе играат во финалето на АТП купот во недела, откако Канаѓаните во драматичниот одлучувачки меч во двојки беа подобри од актуелните шампиони, Русија.

Денис Шаповалов и Феликс Оже-Алијасим се вратија од сет негатива за 6:4/7:5/10:7 победа над Данил Медведеви Роман Сафјулин за прв пласман во финалето на турнирот, кој претходно беше познат како Хопман куп.

Претходно, светскиот број 14. Шаповалов со 6:4/5:7/6:4 го победи 167-рангираниот Сафјулин, пред светскиот број 2, Медведев со 6:4/6:0 да го декласира Оже-Алијасим.