Англискиот фудбалски тим Ливерпул е силно заинтересиран за младата ѕвезда на Реал Мадрид, Едуардо Камавинга, пренесуваат медиумите на Островот.

19-годишниот Французин ова лето пристигна на „Сантиаго Бернабеу“ и веднаш го покажа својот квалитет, но има мала минутажа поради големата конкуренција во средниот ред на „кралевите“.

„Камавинга и Валверде мора да напредуваат и да разберат дека тие ќе ја преземат лидерската улога во иднина. Камавинга има огромен квалитет и талент, но мора да учи и да добива искуство“, изјави Анчелоти.