Македонскиот тенисер Калин Ивановски како десетти носител доби место на јуниорскиот Грен Слем турнир Австралијан Опен и беше елиминиран во првата рунда.

Ивановски загуби од Русинот Јарослав Демин со 0-2 во сетови (6-7, 5-7). Нашиот претсатвник грешеше доста на овој дуел кој траеше речиси два часа, па така му дозволи на ривалот да оди понатаму,

Демин во следното коло ќе се соочи со Жил-Арно Бејли од Белгија кој беше подобар од квалификантот Чарли Камус.