Сезоната на урагани веќе започна оваа година на Флорида, а јужниот дел на оваа американска држава е погоден од обилни дождови.

Во видеото објавено од корисникот на Инстаграм, Florida_Corvette_Owners, 10 или повеќе суперавтомобили со шестцифрени цени се потонати во подземна гаража. На видеото може да се видат два „ролс-ројса“, C7 „корвета“, „ферари 488“, „ферари SF90“, „ферари Рома“, „плимут“, „мекларен SLR“ и „мерцедес“ – сите во кал по поплавата.

Судејќи според ознаките до каде стигнало нивото на водата и преостанатата кал на автомобилите, веројатно нема многу што би можело да се спаси од овие вредни возила.

Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.