Летните одмори почнуваат. Некој ќе ужива во море, друг во езеро. Но, доколку не сте заминале на некоја дестинација, а сакате да добиете потемен тен, сигурно базенот ви е решение за овој проблем.

Сепак, како и при бањањето во море или езеро, така и базенот со себе носи ризик од инфекции.

Токму поради тоа неопходно е да се послушаат советите на гинеколозите, за да не дојде до посериозен здравствен проблем.

Решението е едноставно!

По бањањето во базен, задолжително истуширајте се со чиста вода, земете со вас два пара костими за капење, па заменете го мокриот со сув.

Дамите, по консулатција со гинеколог можат да користат вагинални пробиотици.

Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.