Се гласаше за најдобрите спортски колективи за годината која изминува. Анкетата беше спроведена од страна на Меѓународна асоцијација за спортски печат (АИПС).

Право на глас добија 529 новинари од 114 земји. Тие на врвот ја сместија фудбалската репрезентација на Италија, која успеа да слави на Европското првенство, кое поради пандемијата беше одложени за дванаесет месеци.

Второто место и припадна на екипата на Баерн Минхен, а на третата позиција заврши фудбалската репрезентација на Аргентина.

Меѓу најдобрите десет имаше место уште и за Челзи, Ливерпул, машката кошаркарска репрезентација на Соединетите Американски Држави, женската фудбалска екипа на Барселона, олимписката фудбалска репрезентација на Бразил, ракометната репрезентација на Франција и Милвоки Бакс.