Со вакцинацијата има 14.500 помалу заразени со ковид-19 во последнте три и пол месеци, покажува истражувањето кое го спровела Цивика мобилитас, сподели на Фејсбук министерот за здравство Венко Филипче.

Според истото истражување поради тоа што населението се вакцинирало во последните три и пол месеци има 4.595 неделни хоспитализации, вакцинацијата ја намалила хоспитализацијата помеѓу 37,9% и 46,5% и платени се 2,8 милиони евра пониски трошоци за хоспитализација во последните пет недели од делта бранот.

Ефикасноста на вакцините против Ковид 19, ја потврдуваат многу анализи. Вакцините штитат од тешка форма на болеста, од хоспитализации и смртен исход.  Вакцинацијата против Ковид 19 е важна и ќе помогне да запре пандемијата. Вакцините функционираат заедно со вашиот имунолошки систем, така што ќе бидете подготвени да се борите против вирусот доколку сте изложени на него. Ковид 19 може да има сериозни, опасни по живот компликации и не постои начин да се знае како вирусот ќе влијае на вас, вели Филипче, кој апелира до граѓаните да се вакциниаат бидејќи на тој начин се штитат себе си, пријателите, семејството и другите околу нас.

Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.