Вакцините од производителите „Фајзер“ и „Модерна“ даваат најдобри резултати како дополнителни, „бустер“ дози, покажа истражување во Велика Британија во кое се тестирани седум различни вакцини, пишува Би-Би-Си.

Ова е првиот тест во Обединетото Кралство кој се обидува да даде одговор на прашањето колку добро функционираат „бустер“ дозите, јавува Би-Би-Си.

Ова е првиот тест во Обединетото Кралство кој се обидува да даде одговор на прашањето колку добро функционираат „бустер“ дозите, јавува Би-Би-Си.

Оваа земја претходно одлучи да ги дава Фајзер и Модерна како трета доза, а резултатите изгледа ја оправдуваат таа одлука. Сите седум тестирани вакцини до одреден степен го подигнаа имунитетот на Ковид-19.

Истражувачите велат дека има ветувачки знаци дека третата доза штити од болести и смртни случаи во случај на инфекција со варијантата „омикрон“. Тие велат дека дури половина од дозата може да се даде на населението, па затоа резервите на вакцини би заштитиле повеќе луѓе.

Се верува дека резултатите од ова истражување го навеле Обединетото Кралство да нарача дополнителни 114 милиони дози вакцини Фајзер и Модерна во следните две години, пишува Би-би-си.

Претходно оваа недела, лидерот на Фајзер рече дека бустер дозите против Ковид-19 треба да се даваат годишно.

Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.