Додека повеќето жени обично веднаш ги фрлаат искинатите хулахопки, модниот бренд „Гучи“ одлучи истите скапо да ги наплаќа…

Луксузните модни брендови секогаш имаат „изненадување“ коешто кај дел од јавноста е предмет на потсмев, а понекогаш и кавги на интернет-просторот. Така, италијанската куќа „Гучи“ е препознатлива по својата многу импресивна естетика, но веќе некое време во својата понуда има искинати хулахопки кои чинат 173 долари (скоро 153 евра)…

Секако, „Црниот петок“ ги потсети сеирџиите на овој моден „бисер“… „Има будали кои го купуваат ова, а ’Гучи‘ се смее“, „Секое грне си наоѓа капаче“ – се само дел од коментарите за овој моден (не)успех.  (МИА)