Интер и без двајцата најдобри играчи од шампионската сезона, Ромелу Лукаку и Ашраф Хакими, котира високо на табелата. По седум рунди, Интер, се трети на табелата со четири бода помалку од Наполи.

Бепе Марота, планира да го засили тимот токму на позициите кои ги покриваа Лукаку и Хакими.

„Газета дело Спорт“, пишува дека Јовиќ е „силен, искусен, решителен и не е скап“. Во текстот се додава дека Србинот е сличен профил на играч каков што е Александар Лаказет од Арсенал.

Јовиќ и оваа сезона не успева да се наметне во Реал, најмногу поради формата во која игра Карим Бензема. Минатата полу-сезона тој ја мина на позајмица во Ајнтрахт Франкфурт.

Од друга страна доаѓањето на Нандез од Каљари е речиси завршена работа. Уругваецот може да игра како десен бек и како крилен бек во формацијата 3-5-2 која ја форсира тренерот Инзаги.