Милан вчера го совлада Интер во градското дерби со 2-1. Ова е пораз кој е болен за „нероаѕурите“ и тоа може да се заклучи по првичниот коментар на тренерот Симоне Инѕаги кој порача дека би биле подобри од „црвено-црните“ во девет од десет натпревари кога би одиграле пак.

-Ова е фудбал. Доминиравме во секој поглед, не бевме остри во завршницата, тие имаа среќа при првиот гол, а беа паметни при вториот. Гледав дерби со еднонасочен сообраќај 60 минути, момците се изнервирааа по израмнувањето, бидејќи веројатно имаше чист фаул над Алексис Санчез и го загубивме фокусот. Во последните 25 минути не бевме толку остри и ја немавме контролата, а играта беше поотворена за индивидуални инциденти. Знаеме дека е пораз кој боли, но силните тимови мора да бидат способни да ги анализираат своите грешки. Уште десетпати да играме би загубиле само еднаш. Сите знаеме колку е важно дербито, не заслуживме да загубиме, но тоа е фудбалот. До израмнувањето, практично ништо не му дозволивме на Милан. Ова е тешка, но вредна лекција за да не направи порешителни да ги затвараме натпреварите за да не дојдеме повторно во оваа ситуација, -порача Симоне.