Ноември важи за студен и тмурен месец, но сепак, луѓето родени во него не поседуваат баш такви карактеристики.

Односно, може да се каже дека се чиста спротивност на епитетот кој го опишува овој месец.

Поточно овие 8 квалитети се заеднички на луѓето родени во ноември:

1. Посветеност

Фокусираноста и посветеноста се две најпозитивни карактеристики на лицата родени во овој месец. Кога имаат цел на видик, тие можат да поминат часови, денови, месеци во нејзино остварување, несвесни за тоа што се случува околу нив.


2. Искреност

Лицата родени во ноември слепо се држат до вистината, без оглед на сè. Имаат храброст да го кажат она што го мислат, без разлика на последиците.


3. Лојалност

Не се лојални само во љубовта, туку и во пријателствата и сите останати врски кои ги градат низ животот. Секогаш остануваат до блиските кога имаат потреба од нив, без разлика дали се добри или лоши времиња.


4. Енергичност

Луѓето родени во ноември никогаш не се изморени, напротив, секојдневно се полни со ентузијазам и жар за живот. Ретко се жалат на исцрпеност и се вистинско складиште за позитивна енергија.


5. Интуиција

Интуицијата на овие лица им е најмоќен сојузник во конфузните времиња. Нивната изострена интуиција им помага да ги предвидат работите и да ги прочитаат луѓето. Речиси е невозможно да ги прелажете.


6. Храброст

Секогаш се подготвени да се соочат со животните предизвици. Храбри се и сакаат другите да се огледуваат на нивната храброст.


7. Стратегија

Луѓето родени во ноември голем дел од времето го вложуваат во планирање, пред конечно да делуваат. Токму затоа добри се како менаџери и шефови.


8. Независност

Над сè што досега набројавме, најмногу си ја ценат независноста. Не сакаат кога други ги контролираат на било кој начин и не се плашат да се бунтуваат во случаите кога нивната слобода е повредена.