Илјадници луѓе учествуваа на традиционалната трка на Дедо Мразовци во Мадрид, главниот град на Шпанија.

Оваа трка, која е од хуманитарен карактер, започнува и завршува на плоштадот Колумбо во Мадрид.

Неколку илјади луѓе од сите генерации и двата пола трчаа на делница долга околу 5,5 километри. Меѓу Дедо Мразците имаше и луѓе облечени во зелени костуми, како неговите помошници.