Оваа лимонада е црна и со самото тоа е посебна и различна од било кој домашен напиток.

Оние кои ја пијат велат дека прави чуда за човековиот организам, бидејќи чисти од токсини и помага во намалувањето на мастите.

Ако ве одбива црната боја, имајте на ум дека вкусот е идентично вкусен како и обичната лимонада. Овој напиток се прави од само три состојки.

Главната состојка, која се смета за „магична“ е активниот јаглен. Тој нема вкс, а е многу добар за здравјето.

Помага нашето тело да се ослободи од штетните состојки и да се намали надуеноста.

Исто така, експертите истакнуваат дека има способност за намалување на нивото на холестерол и подмладување на кожата.

Состојки за црна лимонада:

-4 чаши филтрирана или флаширана вода.

-1/2 шолја сок од лимон

-1 лажица активен јаглен ( или една таблетка).

Помешајте ги сите состојки и по желба додадете уше лимон.

Напитокот послужете го ладен.