Ако те љубител на кисели краставнички ова ќе бидат добредојдени интересни идеи за вас.

Има многу начини како повторно да ја искористите течноста од киселите краставички, а ние ви откриваме неколку.

Кисел зеленчук

Остатокот од течноста е совршен за правење нови кисели краставички или друг кисел зеленчук како зимница. Не додавајте дополнителни течности бидејќи така ќе ја промените киселоста и соленоста, што влијае на вкусот и способноста за киселење.

Замена за оцет

Само неколку лажици од оваа течност може рецептот да го направи повкусен. Користете го остатокот од сокот од киселите краставнички како замена или додаток на оцет и сол во рецептите за компир салата или други јадења по желба. Експрементирајте.

Маринада за месо

Најголем дел од маринадите за омекнување на месото како клучни состојки содржат оцет и сол. Додавањето на намирници како лук, бибер, сол, и малку шеќер го подобрува вкусот и крајниот резултат. Сокот од кисели краставнички е замена за оцет и истовремено може да го искористите за маринада.

Сос за помфрит

Направете личен сос за помфрит на следниот начин: две лажици мајонез, една лажица кечап, половина лажичка лук во прав и една лажица од сокот од кисели краставички. Добро измешајте и уживајте.