Напаѓачот на Милан, Златан Ибрахимовиќ ќе го продолжи договорот со клубот.
Актуелниот договор на Ибрахимовиќ истекува на крајот од оваа сезона. Според „Football Italia“ новиот договор ќе важи до јуни 2023 година.
Се дознава дека пред да започне преговори со шведскиот напаѓач, Милан планира да потпише нови договори со Тео Ернандез, Рафаел Леао и Исмаел Бенасер.
По 12 кола во Серија А, Милан е на второто место со 32 освоени бода колку што има и лидерот Наполи.