Шведскиот фудбалски интернационалец, Златан Ибрахимовиќ уште една сезона ќе биде дел од италијанскиот фудбалски шампион Милан, пренесуваат медиумите во Италија.

Advertisements

Неговиот актуелен договор заврши на 30. јуни летово, но тој се договорил со клубот од „Сан сиро“ за продолжување на соработката на уште една година. Швеѓанецот имаше скинати предни вкрстени лигаменти, по што мораше да замине на операција, по која го чека пауза до крајот на оваа година.

Легендарниот напаѓач прифатил огромно намалување на платата која ќе биде симболична како би останал во клубот од Милано.

Прикажи повеќе