„Џулијан Нагелсман беше тестиран за коронавирус и тестот беше позитивен иако двапати беше вакциниран против корона. Тој ќе лета назад во Минхен одвоено од играчите, со болнички авион и веднаш по пристигнувањето ќе оди во изолација“.

Баерн не објавил дали некој од играчите оди во изолација откако било откриено дека нивниот тренер е заразен.

Германскиот шампион за два дена во Бундеслигата ќе се сретне со Хофенхајм. Нагелсман очигледно нема да го води Баерн против својот поранешен клуб.