Ретко ќе наидеме на некој што не сака сладолед, меѓутоа, многумина дури и најентузијастичките љубители на сладолед веруваат во митот дека сладолед треба да се јаде само во лето. Џеси Шугарман од Универзитетот Браун во САД, смета дека овие луѓе многу пропуштаат.

– Цврсто верувам дека зимата е одлично време за сладолед, можеби и најдобро време. Еве зошто – истакнува Шугерман за „Spoon University“.

Единственото нешто подобро од еден сладолед се два! Во текот на зимата сладоледите обично се продаваат по многу пониски цени. Важно е само прво да го проверите датумот на истекување, на рокот.

Можете да уживате во вкусот подолго

Бидејќи надвор е ладно, сладоледот нема брзо да се стопи и ќе можете подолго да уживате во вкусот.

– Одвојте го сето ова време и уживајте, бидејќи сега светот е вашиот замрзнувач.

Ги смирува болките во грлото

– Настинките и болките во грлото се дел од зимската „магија“, како што се лизгањето и скијањето – вели Џеси.

Иако би можеле да се придржувате до капките за кашлица, зарем не би го смириле вашето сурово грло со ладен, мазен сладолед? Иако звучи бизарно, ладната храна како сладолед помага во смирување на болките во грлото.

Сепак, се истакнува дека треба да се придржувате до одредени мерки, бидејќи премногу шеќер може да ја инхибира ефикасноста на имунолошкиот систем, пишува „pdxent“.