Резултатите од новото истражување се објавени во списанието Nature, објаснувајќи зошто некои луѓе се отпорни на COVID-19 дури и ако живеат со лице кое е заразено.

Всушност, меѓународниот тим од научници сè уште се надева на конкретен одговор на ова прашање сакајќи да утврди дали можеби постојат одредени гени што треба да се проучат за да може да се развијат нови третмани кои би можеле да помогнат во борбата против болеста.

Оваа група на луѓе се разликува од оние чиј имунитет успешно се бори со вирусот кога ќе се заразат или оние кои доживуваат многу благи симптоми или се вакцинирани.

Ако вирусот не може да се спои со клетките и да се размножи, имунолошкиот систем воопшто нема да го забележи вирусот. Научниците мислат дека токму тоа може да им се случи на луѓето кои се отпорни на вирусот.

„Сакаме да откриеме кои се овие супер луѓе кои се издржливи и зошто се издржливи“, рече др. Дон Вин, специјалист за заразни болести.

Вин е експерт од Канада кој ги собрал оние кои биле изложени на вирусот, но не се разболеле и оние чиј имунолошки систем не покажува знаци на пенетрација на вирусот.

„Има луѓе кои доаѓаат во болница болни со силни симптоми, но во нивното домаќинство има лице кое е сосема добро, кое било тестирано и кое не покажало знаци на инфекција, додаде тој, објаснувајќи дека ова може да се каже по проучувањето на антителата и Т клетките на имунолошкиот систем кои откриваат дали некогаш наишлол на вирусот преку природна инфекција.

Вин изјави дека целта на овој проект е да се развијат третмани кои можат да ја спречат инфекцијата уште на самиот почеток, многу поефективно од вакцината, што би било одлично средство за заштита бидејќи луѓето кои се вакцинирани сè уште можат да се заразат и да го шират вирусот.

Ако можеме да го запреме тој почетен процес, процесот на инфекција, би можеле да дознаеме како да ставиме крај на пандемијата, рече Вин.

Бидејќи веќе има собрано 1.000 луѓе, планот е да се спореди контролната група со оние кои биле изложени на инфекција со цел да се идентификуваат гените кои можат да го спречат развојот и размножувањето на вирусот. Откако ќе се идентификуваат овие генетски варијации, фокусот ќе се префрли на протеините произведени од гените и прашањето дали тие нудат заштита од инфекција.

Во текот на човечката историја имало примери на луѓе кои биле изложени на вируси како маларија, ХИВ и норовируси, но никогаш не биле заразени.

Кај сите овие инфекции, гледаме дека има групи на луѓе кои се изложени на вирусот, но остануваат здрави, а потоа се изолираат молекулите одговорни за отпорноста, па некои се користат во терапии со лекови“, заклучува научникот.

Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.