Германската биатлонка Дениз Херман го освои златото на Олимпијадата во Пекинг во индивидуална трка на 15 километри. Херман патека ја мина со време 44:12.7 секунди.

Второто место го зазеде Французинката Анаис Шевалие-Буше со 9,4 секунди побавно време од победничката.

Бронзениот медал и припадна на на Норвежанката Марта Олсбу Ројзеланд која трката ја заврши со 15,3 секунди послабо време од Херман.

Триесет и тригодишната Херман е освојувач на бронзен медал на Олимписките игри во 2014 година во скијачка штафета во крос-кантри.

Покрај тоа, таа е светски шампион во биатлон во 2019 година во потера.

За германската репрезентација ова е втор златен медал на Олимписките игри во Пекинг.