Натурализираната Кинезинка Ејлин Гу го освои првото место во слободно скијање дисциплина „Биг ер“. Таа
утринава до златниот медал дојде со резултат 188,25 бодови.

Гу која е родена во Сан Франциско (САД) го обезбеди третиот златен медал за Кина на Олимпијадата во Пекинг, по што домаќините се лидери на листата медалисти.

Второто место и припадна на Тес Ледо од Франција со резултат 187,50 поени.

Трета заврши Матилда Гремо од Швајцарија со освоени 182,50 поени.