Омикрон досега се покажа како варијанта која предизвикува поблаги и поподносливи симптоми.

Тоа влијае на горниот респираторен систем, што значи дека белите дробови на повеќето луѓе инфицирани со омикрон се поштедени. Сепак, ова со себе носи симптоми кои сега е тешко да се разликуваат од обичната настинка, па луѓето често дури и не одат на тестирање.

Ако неодамна сте биле болни и не сте биле тестирани, овие знаци може да укажат дека сте имале омикрон.

Клучни симптоми

Досега треската, кашлицата и губењето мирис беа сигурни знаци дека сте заболени од Ковид. Тоа се смени со омикрон. Сега најчести симптоми се болки во грлото или гребење во грлото, течење на носот, главоболка, замор и болки во телото. Професорот Тим ​​Спектор, раководител на студијата што ги следи симптомите на ковид, вели дека секој со овие симптоми треба да се тестира.

Сите во семејството се разболеле еден по еден

Респираторните вируси се генерално многу заразни, меѓутоа, Ковид-19 моментално е најдоминантен во светот. Исто така, се покажа дека омикрон се пренесува многу полесно од варијантите досега и тешко е некој да не се зарази додека е во контакт со заразено лице.

Затоа, ако сте биле болни и забележале дека сите во вашиот дом се разболуваат еден по еден, веројатно тоа е омикрон.

Дигестивни проблеми

Според последните извештаи, заразените со омикрон пријавуваат и проблеми со варењето. Повраќање, гадење и губење на апетит се поврзани со омикрон.

Опаѓање на косата во големи количини

Алопеција или губење на косата е чест симптом кај многумина кои страдале од Ковид. Експертите го припишуваат ова на емоционален стрес, лекови или ослободување на проинфламаторни цитокини како одговор на вирусот. Затоа, доколку наеднаш забележите дека косата ви опаѓа и не сте биле тестирани, можно е да сте ја надминале омикрон инфекцијата.

Инфекција на очите или осип

Според Jerusalem Post, инфекција на очите или чуден осип на прстите може да биде знак дека сте го надминале омикрон.

Иако се благи, доколку чувствувате симптоми, останете дома, изолирајте се и следете ги симптомите. Носете маски и држете се на дистанца, особено од најранливите.

Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.