Францускиот фудбалски стратег Зинедин Зидан веќе има договорен ангажман со раководството на ПСЖ.

Новинарот на „РМЦ“, Даниел Риоло, кој меѓу првите го потврди и трансферот на Меси во ПСЖ, тврди дека Зидан следната сезона ќе го води ПСЖ, без разлика какви резултати ќе бидат постигнати сезонава.

Маурисио Покетино очигледно не може да се носи со големиот притисок и присуството на многу ѕвезди во соблекувалната, па иако не му беше дозволено да го преземе Манчестер Јунајтед, ќе замине од ПСЖ во текот на летото. Риоло пренесува дека доказ за цврстината на договорот меѓу ПСЖ и Зидан е и фактот што одлуката нема да биде променета дури францускиот тим сезонава да ја освои Лигата на шампионите.