Земјите од Г7 се согласија дека треба да усвојат регулативи за вештачка интелигенција што се „засновани на ризик“. Сепак, регулативите за кои станува збор мора да „одржуваат отворена и благопријатна средина“ за развој на технологијата и мора да се засноваат на демократски вредности, се вели во заедничката изјава на министрите на Г7 одговорни за дигитални технологии, што беше објавена на крајот од нивната дводневна средба во Јапонија.

Учесниците на форумот потврдија дека „политичките алатки за постигнување заедничка визија и веродостојни форми на вештачка интелигенција може да се разликуваат меѓу земјите-членки на Г7.“ Сепак, договорот означува пресвртница во пристапот на главните земји кон управувањето со вештачката интелигенција поради загриженоста за приватноста и безбедносните ризици.

„Заклучоците од овој состанок на Г-7 покажуваат дека дефинитивно не сме сами во овој поглед“, рече извршната потпретседателка на Европската комисија, Маргрете Вестегер, која е одговорна за политиката на конкуренција.

Прикажи повеќе