Претседателот на Украина Володимир Зеленски денеска преку видео порака ќе им се обрати на албанските пратеници. Зеленски во изминатите недели со видео пораки се обрати во парламентите на повеќе европски земји. Албанија, како сојузник во НАТО, застана на страната на Украина, осудувајќи ја руската агресија и наметна санкции кон Русија.

Advertisements

Во Албанија досега пристигнале околу 400 украински бегалци, меѓу кои и поголема група млади атлетичари. На сите им е дадена привремена заштита, според целосните законски одредби за азил. Со посебна одлука на Владата украинските државјани имаат право да влезат и да останат во Албанија без дозвола за престој, во период од една година.

Прикажи повеќе